Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска во Собранието излезе на говорница без да добие дозвола од претседателот на Собранието Талат Џафери. По неколку предупредувања, Џафери нареди на Ѓорчев да му се исклучи микрофонот, а откако ни тоа не помогна, Џафери нареди обезбедувањето да го отстрани Ѓорчев од говорницата.
По ова пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја опколија говорницата, а Џафери даде пауза од 10 минути.