Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Професионалноста на Меџити и Алиу не е спорна, законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 9, 2024 15:50

Според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери пред пратениците, образложувајќи го поднесеното барање за разрешување на овие двајца министри од Алијанса за Албанците (АА).

По кусото образложение на Џафери, се обрати и министерот Меџити, порачувајќи и на ДУИ дека „политиката е средство за помош на граѓаните и за подобрување на состојбите, а не средство за реализирање лични интереси“. Меџити ги повика пратениците уште еднаш да размислат пред да ја донесат одлуката за неговото разрешување.

-Сакам да напоменам дека предлогот за разрешување на министрите не се однесува на нивната професионална подготвеност за која имам посебна почит, туку, според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто беше предложено разрешувањето. Овие двајца министри се изјаснија дека ќе го поддржат статусот на претседателот на партијата дека ќе делуваат како опозиција, а според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зашто се предлага разрешувањето. Согласно Уставот, ова е мое право, а одлуката ја носи Парламенетот, истакна Џафери кој вчера го достави барањето за разрешување на двајцата министри.

Меџити повтори дека работел чесно и посветено. Се додека не се искорени политичкиот и личниот интерес, рече, оваа држава нема да напредува.

-Оставам на вашата совест, да размислите пред да донесете одлука за министер кој вложува и работи за доброто на сите. Покажав како треба да се работи, покажав како е да се бори еден министер за она што верува и сака да го спроведе. Не бегав од проблемите, туку влегував во оган за да ги решам прашањата од кои сите пред мене бегале и ги ставале „под тепих“. За ова сум горд и знам дека повторно ќе имам можност да продолжам каде што застанав. Се покажа дека не сите имаат иста цел како мене во Владата, се покажа дека ДУИ преку нивните министри до крај реши да политизира, да попречува и да блокира, реши до крај да оди против интересот на граѓаните и да го штити својот партиски интерес. Ова треба да им служи на чест, а граѓаните за неколку месеци на избори ќе го казнат ова деструктивно однесување. На функицонерите од СДСМ сакам да им порачам, размислете колку е пониживачки за вас да бидете неми набљудувачи на ова што го прави ДУИ против интересот на граѓаните. Немото соучесништо е најлошата форма на поддршка за ваквите постапки. Од утре натаму одговорете им на граѓаните зошто не се реализираат 1 117 вработувања за кои се борев, зошто се кочат катните гаражи со кои требаше да го средиме хаосот на Клинички центар, истакна Меџити во обраќањето.

За збор по него се јави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој изрази изненадување што премиерот Џафери почнал, како што рече, да следи социјални мрежи.

-Во оваа Влада која се нарекува европски фронт, денес не се знае кој е луд, а кој збунет. Очигледно се работи за фронт на корупција и криминал. На првата кавга кога забележаа дека власта може да падне, стравот почна да ги разединува, истакна Милошоски.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците (АА) Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

На 143. седница на чиј дневен ред се разрешувањата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, но и именувањата на Илир Демири и Наим Бајрами на нивно место во овие два ресора, има повеќе точки. Собранието пред да го усвои дневниот ред, ги поддржа владините предлози по скратена постапка да се донесат законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, дополнувањата на Законот за заштита на децата, изменувањето и дополнувањето на Законот за државното правобранителство, како и изменувањето и дополнувањето на Законот за социjалната заштита. Отфрлени беа и два предлога, на Халил Снопче од АА која побара да се тргне од дневен ред Предлогот за измени и дополнувања на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, како и на Димитар Апасиев од Левица кој побара од дневниот ред да се тргне Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки. 

Алиу Влада Меџити Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.