Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Викаа дека ќе ги убијат Заев, Шекеринска, Села и Спасовски

2
By Нова ТВ on April 10, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 10, 2018 11:39

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска сведочеше за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април лани во Собранието.

Џафери е прв сведок на денешната главна расправа. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го праша Џафери дали го разбира македонскиот јазик, на што тој одговори потврдно и оти не му е потребен преведувач.

Џафери прво одговара на прашања обвинителот од ЈОРМ Дарко Јакимовски, а потоа и на одбаната на обвинетите.

Сведочењето го почна со објаснување на случувањата во собранскиот прес-центар.

-Влеговме во прес салата, давав изјава за медиумите. Пред да завршам на монитор ја гледавме состојбата пред Собранието. За кратко дел од нив влегоа во Собранието. Дел од обезбедувањето не дозволуваше да се отвори вратата во прес салата, но притисокот беше голем и дел од граѓаните влегоа. Веднаш почнаа и нападите врз пратениците. Тие направија кордон и ми рекоа да застанам позади за да не стигнат до мене, рече Џафери, додавајќи дека лево од него бил Села.

Рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието.

– Насилно почнаа да напаѓаат, прво физички, а потоа и со сета опрема што се користеше како средство за напад врз сите нас, пратеници, медиуми и сите што бевме во прес-центарот. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Весел Мемеди, Сурија Рушити и Зијадин Села направија кордон пред мене и јас се повлеков поназад. Покрај мене беше и снимателот на ТВ 24. Лица кои застанаа во моја заштита, покрај пратениците, беа и од обезбедувањето на Оливер Спасовски. Имаше извици: Ќе ве убиеме сите. Најмногу им се закануваа на Заев, Шекеринска, Спасовски и Села, рече Џафери.

Тој појасни дека му рекол на Села да стои позади и да не се поместува.

-Во еден момент кога се свртев, зошто често зборував на телефон, Села го немаше. Понатаму не знам што се случи со него, сведочеше Џафери.

Како што објасни, прво помислил дека некој од обезбедувањето го извлекол Села надвор, но слушнал дека еден од напаѓачите рекол: „Со Села завршивме, сега редот е на вас“.

Џафери рече дека од Никола Тодоров слушнале дека Села и Шекеринска се тешко повредени и ги бараат. Во меѓувреме, како што рече го проналше Села и ги известиле дека е однесен во Клинички центар.

-Откако не однесоа во касарната Ѓорче Петреов, од таму отидов да го посетам Села – рече тој, рече Џафери.

Џафери не посочи кои се напаѓачите, нп во сведочењето ја опиша ситуацијата. На дополнителни прашања на обвинителот рече дека во Собранието имало луѓе со фантомки и дека тие ги предводеле останатите. Тој појасни дека во прес центарот, требало да има камери кои би го снимиле целото насилство, бидејќи претходно со нив се снимале седниците на работните групи.

По него, за настаните во Собранието на 27 април лани, треба да сведочат и министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски.

Села Џафери. сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.