Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери во Брисел на средба со европратеници: Евроинтеграциите остануваат во фокусот на Владата

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, денеска во Брисел оствари средба со европратениците Илхан Ќучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер. Во владината делегација, што ја предводи Џафери, се и првиот заменик на претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.Како што соопшти владината прес-служба, на средбата биле разменети мислења за европската интеграција на Северна Македонија, владините политики во пресрет на двојните избори во државата, како и за активностите на Владата што произлегуваат од подготовките за успешното реализирање на Планот за раст.

На првата посета на Брисел како премиер на техничката Влада, Џафери им посочил на европратениците дека Владата во Северна Македонија, ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост да ги спроведува сите процеси и обврски што произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, во насока на забрзана европска интеграција.

Европратениците, како што се посочува во владиното соопштение, ја истакнале силната поддршка за Северна Македонија во спроведувањето на реформските процеси и членството во ЕУ.

Џафери нагласил дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на земјава, за што постои висока поддршка кај граѓаните.

-На средбата беа разменети мислења за Планот за раст, кој е од голема важност за Северна Македонија, во насока на економски напредок, отворање на нови работни места, подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и можност компаниите од државата да имаат пристап до делови од единствениот пазар на ЕУ пред членството, се наведува во соопштението.

Џафери се заблагодарил на европратениците за нивната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, и како што е наведено  во соопштението, за свој надворешен советник го ангажирал Иво Вајгл кој со своето искуство ќе придонесе кон забрзување на европскиот пат.

-Премиерот побара натамошна поддршка од европратениците, во зајакнувањето на соработката и присуството на претставници од нашата земја во Европскиот Парламент, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Влада Евроинтеграции европратеници ЕУ Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.