Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џасинда Ардерн: Никогаш нема да го изговорам името на терористот од Крајстчрч

0
By Нова ТВ on March 19, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2019 10:52

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека никогаш нема да го изговори името на напаѓачот од Крајстчрч, кој во две џамии уби 50 лица.

– Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист, но кога јас ќе зборувам, тој ќе биде безимен. Ве преколнувам, изговарајте ги имињата на оние чии животи се изгубени, а не името на човекот кој ги одзеде тие животи, изјави таа за време на обраќањето во Парламентот, кој им оддаде почит на убиените во Крајстчрч.

Таа оцени дека напаѓачот, со својот терористички чин, сакал да стане познат.

– Поради тоа никогаш нема да ме чуете да го спомнам неговото име, изјави Ардерн, која вонредната седница ја отвори со поздравот на арапски „селам алејкум“.

Триесет и осумгодишната премиерка на Нов Зеланд се соочи со најголемиот предизвик откако во 2017 година стапи на таа функција. Ценејќи според медиумските извештаи и коментарите на социјалните мрежи нејзиното водство во тие тешки моменти го воодушеви светот.

„Џасинда Ардерн“ зрачи со водство по масакрот во Чрчтаун“, оцени Ројтерс. „Џасинда Ардерн“ го редефинира водството во време на тероризам“, објави порталот Вомен ин ворлд. „Џасинда Ардерн штотуку потврди дека типичното ` женско ` однесување е моќно“, пишува Сиднеј Морнинг Хералнд. „Џасинда Ардерн и ожалостените се собраа со песна“, пренесе Лондон Тајмс.

Британските медиуми посочуваат дека таа на теророт одговорила мирно, сочувствително и одлучно. Таа веднаш најстрашното масовно убиство во време на мир на Нов Зеланд го нарече тероризам и се обиде да ја охрабри нацијата, која досега главно не била погодена од насилства и стравови како што беа други западни земји во последните две децении. Еден ден по нападите поведе повеќепартиска делегација во посета на семејствата на убиените и кај претставниците на муслиманската заедница. Носејќи црна шамија, односно хиџаб во знак на почит кон ожалостените муслимани, ги прегрнуваше членовите на семејствата, ги слушаше и нудеше утеха.

– Премиерката дојде со шамија, а тоа беше важно за нас, изјави Далија Мохамед.

Сепак, она што е најважно, како што оцени Си-Ен-Ен, таа веднаш најави политички одговор на масакрот – построга регулација на огненото оружје, односно забрана на полуавтоматските пушки, како што користеше фашистичкиот терорист кој во петокот во Крајстчрч, во две џамии уби 50 луѓе. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.