Published: Wednesday, August 9, 2017 22:57
Шефот на Пентагон, Џејмс Матис, денеска ја повика Северна Кореја да престане со развојот на нуклеарното оружје и да прекине со разгледување на акции кои може да доведат до уништување на севернокорејскиот народ, јавува Си-Ен-Ен.
– Демократската Народна Република Кореја мора да го избере прекинот на самоизолацијата и да се откаже од развојот на нуклеарното оружје –пишува во соопштението на Матис.




