Компанија „Џенерал Електрик“ доцна синоќа соопшти дека ќе затвори дополнителни 10.000 работни места во одделот за авијација. Американскиот концерн, како причина за овој чекор, ја наведува пандемијата на ковид-19, која предизвика тешки последици во воздушниот сообраќај и на порачките на авиони за кои „Џенерал Електрик“ произведува мотори.
Намалувањето на работниците ќе се спроведе преку доброволни заминувања и отпуштања. Првиот бран отпуштања беше во март, кога беа укинати 2.600 работни места. „Џенерал Електрик“ ќе намали вкупно 25 отсто од вработените во авијацискиот сектор или околу 13.000 работници.