Британскиот премиер Борис Џонсон денеска му порача на својот ирски колега Лео Варадкар дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ „ без разлика на се’ “, нагласувајќи дека таканаречениот ирски „backstop“ мора да биде остранет од секој договор за Брегзит, пренесе Фена.
Премиерот денеска јасно стави до знаење дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври „ без разлика на се’ “, се наведува во соопштението на канцеларијата на Џонсон по разговорите на двајцата премиери.
-Премиерот јасно порача дека владата ќе пристапи кон преговорите со одлучност и енергија во духот на пријателството и дека јасен услов за напуштањето на ЕУ со договор мора да биде тоа да се отстрани „backstop“ , се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.
Џонсон денеска изјави денеска дека следниот чекор во преговорите за Брегзит е на ЕУ.
Тој додаде дека не сака да го напушти европскиот блок без договор, но мора да се подготви на таков исход за секој случај.
– Ако не можат да направат компромис, доколку навистина не можат, тогаш најверојатно ние мораме да се подготвиме за излез без договор, истакна Џонсон за време на посетата на Велс, додавајќи дека „останува на ЕУ да одлучи доколку сака тоа да го направиме“.




