Британскиот премиер Борис Џонсон в понеделник во Луксембург ќе разговара со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер.

Тоа ќе биде прв состанок на двајцата официјални претставници откако Џонсон стана премиер кон крајот на јули.

Џонсон се обидува да постигне компромис со ЕУ пред предвидениот датум за Брегзит, 31 октомври.

Британскиот премиер, исто така, ќе оствари средба и со луксембуршкиот колега Ксавиер Бетел.

Има мали знаци за напредок во преговорите за Брегзит како што се приближува 31 октомври и рокот за излез на Британија од ЕУ.