Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон: Можно е Брегзит да не успее

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека е можен „неуспех“ на Брегзит, оценувајќи дека премиерката Тереза Меј сега „ќе влезе во фаза во која ќе мора да се однесува поагресивно кон Брисел“.

– Треба да прифатите дека сега работата може да пропадне. О-кеј? Не сакам никого да го фати паника, ако се случи тоа. Без паника… На крајот сепак се ќе се реши, изјавил Џонсон на приватна вечера организирана од конзервативна лоби група.

Како што тврди БазФид, Џонсон негласил дека Брегзит е „неповратен процес“, но дека сепак „можеби нема да биде таков, како што сакаа“ заговорниците за истапување на Велика Британија од ЕУ.

Тој истакнал дека постои голем ризик Велика Британија да прифати договор со кој ќе премине многу од „црвените линии“ на заговорниците на бескомпромисен Брегзит, меѓу кои се посочил и тој самиот,

Според Џонсон, договорот би можел да ја задржи Велика Британија во „орбитата околу ЕУ, во царинската унија и во во голема мерка и на заедничкиот пазар“.

– Ако немате храброст да водите независна политика, никогаш нема да ги добиете економските придобивки од Брегзитот. Никогаш нема да имате политичка корист од Бергзитот, порачал, според БузФид, Џонсон. 

Уште една рунда преговори заврши без голем успех

Денеска во Брисел уште една рунда преговори помеѓу Велика Британија и Европската Унија заврши без голем напредок за клучните прашања, пред сѐ статусот на Северна Ирска и иднината на односите помеѓу ЕУ и Велика Британија.

Главниот европски преговарач, Мишел Барниер, порача дека во документите кои пристугнуваат од Лондон во Брисел има „парадоксално барање за статус-кво, кога Британците се оние кои сакаат да ја напуштат ЕУ“.

Изјавата се однесува на последниот предлог на британската влада за Брегзит во контекст на решавање на спорот со ирската граница. Во четвртокот, Лондон предложи Велика Британија да остане во царинската унија до 2021, што претставува уште една година повеќе од договорениот транзициски рок, предвиден до 2020.

Проблемите произлегуваат од ирскиот остров, поделен на Северна Ирска, која е дел од Велика Британија, и Република Ирска, членка на Европската Унија.

Сите страни се сложни дека не смее да има тврда граница на островот, но дека мора да се најде начин да се заштити внатрешниот пазар на ЕУ и царинската унија.

ЕУ неодамна прифати да направи отстапка и да и дозволи на Северна Ирска да биде дел царинската територија на ЕУ.

Според ЕУ оваа отстапка е “извонредна“ и претставува обид да се избегне секаква тврда граница во Ирска.

Но последниот британски предлог оценува дека таа отстапка може да се однесува на целата британска територија до 2021, што е неприфатливо за ЕУ.

-Тоа е смислено специфично за ситуацијата со Северна Ирска. Северна Ирска би била дел од нашата царинска заедница, но она што е изводливо на Северна Ирска, не значи дека е изводливо за цела Велика Британија, порача Барние.

-Се чини дека Велика Британија сака да ги сочува сите бенефити од нашиот однос, притоа излегувајќи од рамката на обврски и од заедничкиот надзор. Британците бараат начин врз нас да ја префрлат одговорноста на тие последици. Не сме импресионирани од нивната игра на обвинувања, додаде Барние.

Шефот на европскиот преговарачки тим побара од Велика Британија да ги “почитува сопствените црвени линии“ и доколку одлучи да ги помести црвените линии, ЕУ е подготвена да се адаптира.

Барние брегзит ЕУ Џонсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.