Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека неговата земја би можела да се повлече од намерата да стане членка на НАТО, што е едно од клучните барања на Русија.
По тој повод се огласи и британскиот премиер Борис Џонсон.
„Вчера разговарав со Зеленски и, секако, дека го разбирам што зборува за НАТО. И сите секогаш говорат, а тоа јасно му ставивме до знаење и на Путин дека нема шанси Украина во скоро време да се приклучи на НАТО“, изјави Џонсон, пренесува „Скај њуз“.
Но, притоа нагласи дека одлуката е на Украина и нејзиниот лидер, а Велика Британија ќе ја поддржи каква и да биде.
Украина во моментот е во преговори со Русија за прекин на воените дејствија и повлекување, а Зеленски синоќа порача дека преговарачките позиции сега „звучат пореално“.
Украина со години се надева на влез во НАТО, но таквиот потег би ја разлутил Русија која не сака да ја види Алијансата на сопствената граница.




