Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џослин Пук: Кјубрик не ми го даде сценариото за „Очи широко затворени“, компонирав музика според опис на сцената со ритуалот

0
By Ана Василевска on September 18, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред кариерата како композиторка на филмска музика во 80-тите години Пук членувала во поп-бендови: листата меѓу останатите ја сочинуваат „ABC“, „Meat Loaf“ и „The Communards“, а била и сешн-музичар на проектите на ѕвездите Питер Габриел, Ник Кејв, Пол Макартни, Марк Нопфлер, Лори Андерсон, „Massive Attack“…

Светот на филмот слушна повеќе за Џослин Пук и нејзината музика откако легендарниот режисер Стенли Кјубрик ја ангажирал да напише музика за неговиот последен филм „Очи широко затворени“ („Eyes Wide Shut“) во 1999. Новиот милениум и донел нови предизвици и успеси: авторството на музиката на „Венецијанскиот трговец“ на Мајкл Редфорд и „Бандите на Њујорк“ на Мартин Скорсезе сигурно е најмаркантно меѓу триесеттината играни филмски, телевизиски и документарни наслови.

Џослин Пук (Jocelyn Pook) од Лондон, музичарка и композиторка на музика за филм, ТВ, современ танц, денеска оддржа мастерклас на годинешното 42-ро издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и раскажа за искуствата во компонирање и соработката со режисерите.

За музиката во култната сцена со ритуалот во последниот филм на Кјубрик „Очи широко затворени“, раскажа дека ја создала без да го знае сценариото.

„Иако не сакам да компонирам без да видам скици од филмот, Кјубрик инсистираше да ја напишам музиката за конкретната сцена со ритуалот без да ми каже ништо за сценариото. Имав само конкретен опис дека ќе има ликови со маски што ќе одржат некаков ритуал“, раскажа Пук.

Модераторот Малканџи потсети дека Кјубрик посветувал огромно внимание на сите сегменти од филмската продукција, не само режијата, туку и камерата, звукот… На Пук и било посочено дека проектот се реализира во најголема тајност, но на нејзино упорно инсистирање сепак добила прилика да ги види останатите сцени за кои требало да компонира музика.

Модератор на мастеркласот со Џослин Пук беше Грег Малканџи (Greg Мalkangi), sound designer од Англија кој веќе неколку години живее и работи во Скопје, и кој ги водеше присутните на разговорот низ разни фази од нејзиниот креативен развој како музичарка и композиторка.

Биографијата на Џослин Пук содржи низа „егзотични“ делови од нејзината рана фаза во музиката. Таа на почетокот на мастеркласот посочи дека 80-те години на минатиот век за неа биле прилика за поинакво едукативно надградување, освен класичното академско образование.

Нејзините почетоци се врзани и со уличното музицирање како „баскер“ (уличен забавувач) со нејзиниот квартет: познатиот музичар Пол Велер ја чул во една прилика и ја ангажирал. Пред кариерата како композиторка на филмска музика во 80-тите години Пук членувала во поп-бендови: листата меѓу останатите ја сочинуваат „ABC“, „Meat Loaf“ и „The Communards“, а била и сешн-музичар на проектите на ѕвездите Питер Габриел, Ник Кејв, Пол Макартни, Марк Нопфлер, Лори Андерсон, „Massive Attack“… Македонските гледачи и слушатели сигурно ќе ги радува податокот дека пејачката Тања Царовска е нејзина долгогодишна соработничка во разни проекти, и секако дека не ја пропушти приликата да присуствува на мастеркласот на Џослин Пук.

Пук во раната фаза на нејзината кариера имала прилика да компонира музика за дузина театарски претстави на лондонските сцени. Посериозниот пробив со филмската музика во нејзината кариера се случил во сплет на среќни околности. Членови од продукцијата на „Очи широко затворени“ слушнале неколку нејзини снимени композиции, а потоа била ангажирана од Кјубрик да ја компонира музиката за неговиот филм.

Малканџи потсети дека филмските режисери имаат различен пристап кон музиката во нивните дела. Квентин Тарантино, на пример, избирал песните како музичка илустрација уште пред да започне со снимањето на филмот.

-За разлика од таквиот пристап, композиторите на филмска музика  креираат лајт-мотив за карактерите во приказната, вели Пук.

Во разговорот се вклучи и пејачката Тања Царовска, која и заблагодари на Џослин Пук за поддршката која ја добила на почетокот на нејзината интернационална кариера. Пук и Царовска изразија заедничка надеж дека во наредниот период ќе ја реализираат нивната замисла за голем концерт под отворено небо.

 Џослин Пук во натамошниот тек на мастеркласот говореше за разните креативни предизвици и искуства во различните проекти, од разни жанрови и стилови, во кои учествувала изминативе децении.

Ана Василевска

Браќа Манаки музика филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.