Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијабетичарите се сомневаат во квалитетот на инсулинот,бараат проверка

0
By Нова ТВ on October 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија-Баланс МК и други здруженија на дијабетичари бараат од Агенцијата за лекови на РМ итна детална проверка и вонредна инспекциска контрола на квалитетот на набавка, транспорт и складиштење на инсулините, со оглед на, како што велат, зачестената појава на нивна „нефункционалност“ во изминативе три години.

Тие бараат проверка од каде се набавува инсулинот и гаранција дека тој бил соодветно чуван до моментот на преземање од страна на увозниците, но и проверка на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт.

Од Агенцијата за лекови се бара и проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период, што, како што се посочува во соопштението од Баланс МК (пет години според законските прописи и регулативи).

Од Баланс МК бараат итни одговори за овие прашања, кои, како што велат го тангираат здравјето и животот на над 40.000 инсулин зависни граѓани на Република Македонија меѓу кои 450 се ДЕЦА. Секое одлоговлекување, релативизирање и слични видови аргументација, сметаат од БАЛАНС МК ќе бидат повеќе од јасен одговор, по кој ќе бараат морална и кривична одговорност.

НОВА веќе објави дека дел од пациентите се жалаат на дејството на инсулинот и тврдат дека наместо лек, како да ставаат вода.

Инспекциска контрола предизвика застој – пациенти 11 дена без инсулин

Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) изминатата недела вршела засилена инспекциска контрола и детално ги проверувала сите серии на инсулини кои ги носат дистрибутерите, поради што има недостаток на инсулин во повеќе градови, и тоа над 10 дена.

„Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) во изминатата недела спроведе детеален инспекциски надзор на сите серии на инсулин за кои дистрибутерите доставија документација. По извршениот инспекциски надзор, согласно законот примероци од секоја серија беа испратени на испитување во акредитирана лабораторија во Институтот за јавно здрваје. Во текот на вчерашниот ден, по добивање на резултатите од испитувањата беше изготевно решение за пуштање во промет на испитуваните серии инсулин“, изјави за НОВА , Роберт Бекироски директор на МАЛМЕД.

Тој не одговори дали причината во застојот е што добавувачите немале поголеми залихи, па додека се правеле контролите се појави недостиг на инсулин во аптеките, но апелира до добавувачите во иднина навремено да ги обезбедат потребните количини на инсулин.

Оваа инспекциска контрола, следува по медиумскиот притисок и на барање на пациентите заради ваквите сомнежи.

Од Министерството за здравство изминатите денови немаа објаснување за што се работи, освен дека има технички проблем во диструбуцијата на инсулини. Вчера министерот Таравари само се извини за доцнењето на доставата и вети дека до крајот на неделата ќе има инсулини во цела држава.

Здружението на пациенти со дијабетес „Баланс МК“ и на почетокот на септември побара од МАЛМЕД да се извршат испитувањата како се транспортираат и чуваат инсулините бидејќи се сомневаат во нивната исправност.

 

Агенција за лекови Баланс МК инсулин контрола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.