Published: Saturday, May 30, 2015 14:12
Дијалог и преговори – само тоа е начин за решавање на проблемите кои постојат помеѓу Албанија и Грција. Не се потребни декларации туку дијалог, рече албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.
Тој додаде дека контактот со владата на Алексис Ципрас во Атина не е толку чест како што тоа било случај претходно. Одговарајќи на критиките на Атина дека Албанија води „аматерска дипломатија“.
Бушати смета дека за сите проблеми и решенија има повеќе можности како на пример, почнат преговори меѓу двете држави врз основа на меѓународното право.
– Можам да кажам дека надворешната политика на Албанија е контруктивна и динамична и избалансирана – изјави Бушати.




