Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 2, 2025 17:26

Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување.

Едниот приговор беше поднесен од лицето Трајче Камчев од општина Центар и како што беше посочено на седницата по проверката на стручната служба утврдено е дека лицето е запишано во Избирачкиот список на избирачкото место 1354 во Општината, поради што приговорот е одбиен.

Ова лице е запишано во Избирачкиот список на избирачко место 1354 во општина Центар и слободно може да го оствари своето право да гласа, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Членовите на ДИК расправаа и по приговор, стигнат по електронска пошта од лицето Ќемал Исмаилоски од Кичево, кој приговара дека не бил пронајден во уредот за биометриска идентификација. Приговор, освен до ДИК е испратен и до Народниот правобранител и до државното Обвинителство. Кондарко посочи дека по проверката на стручната служба и на ИТ секторот е утврдено дека лицето е запишано во Избирачкиот список и во уредот за биометриска идентификација.

Членот на ДИК, Александар Даштевски побара воопшто да не се произнесат по овој приговор, бидејќи тој е доставен од електронска адреса, која не е од овластено лице и можеби не е лично од приговарачот, а исто така е доставен и до Омбудсманот и до Обвинителство и поради тоа, според него, воопшто не треба да се одлучува во ДИК, а Обвинителство да утврди дали приговорот е од тоа лице или се злоупотребени лични податоци.

Кондарко истакна дека Обвинителството го има овој мејл и може да ги испита останатите околности, кои не се однесуваат на ова избирачко право, а оти во ДИК е надлежна за правото да се гласа.

Тој исто така посочи дека досега во ниту едно избирачко место не е забележано оневозможување на остварувањето на правото на гласање.

ДИК донесе одлука и за одземање на акредитациите за набљудување на осум лица. Станува збор за домашни наљудувачи во Општина Шуто Оризари, за кои во текот на денот ДИК добила пријава за злоупотреба на беџовите за домашни набљудувачи, односно агитирање во училиште пред гласачки места.

Регистрирани биле следниве лица:  Елвис Бајрам, кандидат за градоначалник од Сојузот на Ромите во првиот круг, Сеат Исмаил, кандидат за советник во Шуто Оризари, Валентина Бајрам, сестра на Елвис, Шабан Бајрам, Габриел Бајрам, Решад Сокол, кандидат за советник на Општина Шуто Оризари, Ќамуран Реунаред, Алмир Сали, кандидат за советник во Општина Шуто Оризари. На овие лица ДИК им издала акредатации за набљудување, согласно доставените податоци до нас и констатиравме дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување за лица кои треба непристрасно да се однесуваат на гласачките места и вршеле агитирање на гласачките места, изјави Кондарко.

Тој посочи дека ДИК го известило МВР за овој настан, бидејќи тие агитирале надвор од гласачкото место, каде ДИК не е надлежна. По одземањето, додаде Кондарко, ќе ја известат Општинската изборна комисија во Шуто Оризари и избирачките одбори да не им дозволуваат влез на овие лица во избирачките места и во објектите на гласање, односно дека не смеат да  се повикуваат на акредитациите и беџовите, кои претходно им се дадени од ДИК.

Следната седница ДИК ќе ја одржи во 15:30 часот, на која ќе информира за излезеноста од гласањето.

 

акредиации Дик одземас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.