Излезноста на изборите до 17 часот е 60,38%, соопштија од Државната изборна комисија.
По изборни единици излезноста до 17 часот е следнава:
ИЕ1 – 66,38%
ИЕ2- 59,89%
ИЕ3- 64,90%
ИЕ4- 67, 15%
ИЕ5 – 68,46%
ИЕ6 – 46,82%
Од ДИК соопштија дека во вчерашното гласање на дијаспората од запишани 20.571 гласачи, гласале 8.208 лица или 39,90% од гласачите.
Овие резултати се прелиминарни и потребно е да се преработат, додека резултатите ќе бидат соопштени после 19 часот.
До ДИК биле поднесени 335 приговори од граѓаните, во најголем дел од граѓани кои ги немало во избирачкиот список. Приговорите биле одбиени затоа што ДИК утврдиле дека се работи за граѓани кои се наоѓаат на списокот со спорни записи на избирачкиот список а не поднеле навремена пријава за истото.
„Сите граѓани беа известени, а за оваа постапка веќе имаше изборна кампања и тие самите не ги известиле надлежните за проблемот“, велат од ДИК.