Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Нема да се гласа за „двојниците“ од СДПМ

0
By Нова ТВ on November 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија на денешната седница едногласно ги отфрли кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) за предвремените избори на 11 декември.

Сите 9 членови на ДИК гласаа против изборните листи на СДПМ, на кои носители беа лица со слични имиња и презимиња со кандидати од опозицијата.

Субхи Јакупи рече дека недостасуваат основните документи во поднесените листи на СДПМ, за што, според него вина има и правната служба на ДИК.

Атанас Урумов, образложи дека ДИК открила несовпаѓање на потписите на одредени кандидати во изјавите што треба да ги потпишат, некои изјави биле со датум 11 мај 2016, а имало неправилности и во изјавите за неосудуваност, кандидат предложен за една изборна единица во изјавата стои во друга изборна единица и друго.

И Силвана Бонева предложи листите да бидат отфрлени, а Игор Милев потенцира дека некој со умисла и свесно сакал да ја стави во заблуда ДИК.

Претседателот на СДПМ Бранко Јаневски има право во рок од 24 часа да се жали до Управен суд на оваа одлука на ДИК.

Државната изборна комисија на денешната седница треба да го разгледа и усвои Конечниот извештај за пријавите на граѓаните чиишто записи во избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни.

Дик Избори 2016 СДПМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.