Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Поднесување на листи со кандидати до 11 септември, во кампања од 27 септември

0
By Sashko on August 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница попладнево ги утврди поважните рокови за локалните изборите што претседателот на Собранието, Талат Џафери ги распиша на 17 октомври.

Согласно одлуката, листите на кандидати за локалните избори се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на овластените предлагачи, а крајниот рок за нивно поднесување е заклучно со 11 септември до 24 часот. Изборната кампања започнува на 27 септември на полноќ, што значи се смета и денот 27 и трае заклучно со 15 октовмри до 24 часот, кога настапува изборниот молк на 16 септември, пред гласањето. На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите.

Ждрепката за редоследот на гласачкото ливче на листите на кандидати, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември и сите листи на кандидати од ист подносител во сите општини ќе имаат согласно Изборниот законик, ист реден број, како што е уредено со закон за да биде поедноставно за гласачите. На 23 септември, ДИК со претставници на подносителите на листите ќе организира потпишување на изборниот кодекс за фер и демокартски избори. Собирањето потписи на граѓани за поднесување на листи на кандидати или независни листи на кандидати ќе започне на 16 август и ќе трае 15 дена заклучно со 30 август, а ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК низ државата и согласно измените на Избониот законик од лани, пред надлежни нотари кои ќе бидат определени од страна на самите подносители на листи, за што дополнително ќе бидат издадени упатства.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе започне на 21 август и ќе трае заклучно со 9 септември во 24 часот во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК. Борис Кондарко членот на ДИК, потсети дека покрај увидот во Избирачкиот список кој трае за време на распишани избори, ДИК согласно законот четири пати во годината го ажурира списокот, па граѓаните можат електронски 24 часа да ги проверуваат своите податоци. Последното ажурирање е од мај, годинава, а за изборите ќе се користат најновите податоци од Избирачкиот список, за кои денеска согласно закон, ќе се обратат до МВР за да им ги достави.

Рокот за пријавувањето на болни и немоќни лица кои гласаат ден пред изборите, е седум дена пред изборите, додека рокот за пријавување на набљудувачите – домашни и меѓународни НВО, претставници на меѓунарони мисии и амбасади, трае до 6 октомври. Политичките партии ќе добијат известување од ДИК најдоцна 1 септември за именување свои претставници и заменици во избирачките одбори, по што за пет дена тие треба да ги достават нивните имиња.

На седницата беше усвоено и барањето кое ќе биде доставено до МВР за доставување податоци за ажурирање на Избирачкиот список, односно податоци за граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на одржување на изборите за прв круг гласање кои имаат важечка лична карта или патна исправа, податоци за граѓани со наполнети 18 години чиј рок на важност на лична карта или патна исправа завршува од денот на распишување на изборите (од 6 август) до денот на гласање 16 октомври…МВР со измените на занонот доставува и фотографии за овие граѓани, а во наредната фаза со воведување на електронска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, во наредната фаза од изборниот процес МВР ќе ги достави и овие податоци.

За ажурирање на податоците на Избирачкиот список, ДИК ќе се обрати и до основните судови, МТСП и до казнено-поправните установи за извршување санкции.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението со кое ги распиша локалните избори на 17 октомври. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период, Џафери најави дека Собранието нема да има пленарни и комисиски седници за да им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала. 

Дик локални избори Македонија рокови седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.