Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Само гласачите од Скопје со 4 гласачки ливчиња

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија го објави упатството за гласање. Единствено жителите на Скопје ќе гласаат на четири гласачки ливчиња, две за општината во која живеат, и две за Град Скопје.

Гласањето се врши лично, на 3.480 гласачки места во земјава. Гласањето се врши тајно, зад параван. Избирачот гласањето за избор на градоначалник на општина и град Скопје го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот, а за членови на Совет на општина и град Скопје го заокружува редниот број пред подносителот на листата за која се определил.  Преклопеното гласачко ливче избирачот го става во соодветно обележаната кутија за гласање.

Гласањето за друго лице е забрането, освен за случаите предвидени во Изборниот законик.

Право на глас на претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, ќе имаат 1.814.644 гласачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), по заклучувањето на избирачкиот список и по извршените промени што произлегоа од јавниот увид.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирач се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија, на 15 октомври, ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг на изборите е закажан две недели подоцна, односно на 29 октомври.

Дик Избирачки список локални избори 2017 упатство за гласање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.