Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Се бришат починати лица од Избирачкиот список

0
By Нова ТВ on August 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Според информациите од подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Кисела Вода станува збор за починати лица, за кои изводи од умрените до нив доставиле по службена должност месните канцеларии на Управата за матична евиденција по почетокот на јавниот увид за есенскиот референдум.

Според прегледот од јавниот увид на Избирачкиот список на ДИК од 9 до 12 август, решенија за бришење од ИС во четирите општини се донесени за 47 лица, додека вчера таму се доставени изводи за починати за уште 22 лица. Освен во овие четири општини, барања за бришење на седум лица од Избирачкиот список до 12 август има и во канцеларијата на ДИК во Демир Капија. ДИК има подрачни канцеларии во 18 поголеми општини во земјата, кои ја покриваат целата територија на Македонија.

Во подрачната канцеларија на ДИК во Кисела Вода секојдневно доаѓаат граѓани за да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список. За три дена податоците ги провериле 42 лица, но по едно барање за упис и за промена на податоци имаше и пред почетокот на јавниот увидот за референдумот, информираат за МИА вработени во подрачната канцеларија на ДИК во Кисела Вода.

Освен по основ на смрт, бришење од Избирачкиот список може да има и по основ на државјанство. Но во првите три дена од увидот во Избирачкиот список, барање за бришење од ИС по основ на државјанство немало во ниту една канцеларија на ДИК. Лани, велат од подрачната во Кисела Вода, кај нив имало само едно такво барање.

Од таму велат дека освен по службена должност, граѓаните можат да појдат сами во подрачните канцеларии на Комисијата и со уверение од матичната книга за умрени да побараат бришење на починато лица во Избирачкиот список. По основ на државјанство граѓаните тоа може да го побараат со потврда од Министерството за внатрешни работи. Појаснуваат дека доколку граѓани сакаат да променат податоци во Избирачкиот список тоа може да го направат со нова лична карта или нова патна исправа.

Во прегледот на ДИК за јавниот увид за референдумот е предвидена и графа за лица кои се провериле во Избирачкиот список, а се со поништено живеалиште. До 12 август вакви лица имало само три и тоа во Штип. Подрачните канцеларии на ДИК редовно од МВР добиваат информации за тоа колку лица има со поништено живеалиште во општините што ги покриваат. Во четирите општини што ги покрива подрачната канцеларија на ДИК во Кисела Вода во изминатиот период, според податоците на МВР има 650 лица со поништено живеалиште, но досега ниту едно од нив не се обратиле во канцеларијата. Во минатото имало случај кога поранешна сопруга пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг веќе не живее на адресата на која живееле додека биле во брак. Тој не бил информиран дека има поништено живеалиште и побарал одговор кај вработените во подрачна канцеларија на ДИК.

Вработените во подрачните канцеларии на ДИК велат дека има граѓани кои по промена на живеалиштето не ги менуваат личните документи, и оти поради тоа во одредени случаи на иста адреса има повеќе граѓани запишани во Избирачкиот список. Се случуваат и грешки во адресниот систем односно со имињата на улиците, а има и лица кои се иселени или, пак, имаат повеќе станови.

Меѓу општините каде што има најголем одѕив за увид во Избирачкиот список е Радовиш, каде до вчера проверка на податоци направиле 92 граѓани. Во подрачната канцеларија во Струмица, пак, имало 96 лица кои направиле проверка на податоците. И во Радовиш и во Струмица нема барања за бришење, упис и промена на податоци.

Заклучно со денеска до 14 часот, преку веб апликацијата dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка.

Увидот во Избирачкиот список трае до 23 август на полноќ. Проверката од 9 до 19 часот секој ден може да се направи во подрачните канцеларии на ДИК, а во текот на 24 часа електронски на веб страната на ДИК www.sec.mk. За референдумот за името ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список на 7 септември.

Паралелно со јавниот увид тече и пријавувањето на иселениците за изјаснување на референдумот, кое исто така завршува на 23 август.

бришење Дик Избирачки список
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.