Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Диме Спасов им ускрати право на децата со посебни потреби

0
By Менче Атанасова Точи on August 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од врата на врата, од шалтер на шалтер. Низ вакви лавиринти секојдневно поминуваат родители на деца со посебни потреби, кои тврдат дека институциите не можат да се одлучат кој треба да им издаде потврда дека се ослободени од плаќање на партиципација за лекување. Неколку мајки за НОВА тврдат дека цел месец се обидуваат да извадат потврди со кои нивните деца се ослободени од плаќање на партиципација за болничко и амбулантско лекување, како и за лекови,  но службениците ги препраќаат од институција до институција и никој не знае како изгледа потврдата, ниту кој треба да ја издаде.

Проблемот настана со измените на Законот за управна постапка со кој Фондот за здравствено осигурување од минатиот месец веќе не ги издава овие потврди, туку како што стои во законот „надлежниот орган кој ја води службената евиденција на корисници на постојана парична помош, деца со посебни потреби, крводарители и дарители на ткиво или орган“.  Станува збор за семејства од повеќе градови во внатрешноста, кои се револтирани бидејќи без таа потврда тие се принудени да  плаќаат партиципација иако според законот се ослободени од тоа.

dokument fond_n

„ Не сме известени за оваа промена, вчудоневидени сме. Цело време сум на релација Фонд-Министерство за труд и социјала. Во Фондот велат дека веќе немаат обврска да ги издаваат овие потврди, во Труд и социјала дека не ги издаавт тие, не знаеле дали ќерка ми е осигурана преку Фондот за здравство. Таму ни издаваат потврда колку изнесува додатокот кој го прима, што не е валиден документ“, изјави за НОВА Анче Николова Туфекчиева, мајка на девојче со Даунов синдром и претседател на здружение.

анче_n

Проблемот е ист во сите градови во внатрешноста. Родителите се револтирани бидејќи институциите не можат да се договорат меѓу себе, не се координирани кој треба да ја издаде потврдата. Во разговор за НОВА тие велат дека освен што с е изложени на малтретирање и што плаќаат партиципација за децата, туку стравуваат дека ова е вовед во нешто друго.

„ Цел месец одиме од врата на врата. Мислам дека е ова уште еден обид да им се одземе уште едно право на децата или можеби ова е вовед за да бараат повторно рекатегоризација. Тоа се нови 2500 денари трошок, а некои деца може да ги изгубат бенефициите ако комисијата процени дека напреднале во социјализација иако диајгнозата е трајна, за цел живот“, вели Маја С. мајка на дете со Даунов синдром.

Потврдата која досега ја добиваа овие деца ја издаваше Фондот за здравствено осигурување и имаше рок на важење од една година. Со оваа потврда тие се ослободени од плаќање партиципација во текот на болничкото лекување, на честите лекарски прегледи и контроли, разни испитувања и анализи, ренген и друг вид на снимања.

dokument potrda_n

Вака изгледа потврдата која ја добиваат од Министерство за труд и социјала, а не е валидна

Бранкица Јованова од Радовиш е мајка на едно и пол годишно дете со Даунов синдром. Таа за НОВА раскажува дека не може да го однесе детето на преглед на скопските клиники бидејќи не може да добие ваква потврда, која порано се добивала многу едноставно, за десет минути.

„ Не можам да го однесам детето на контрола во Скопје, а треба да одиме и на физикална терапија во Охрид. Ќе не изгорат од земање пари. Исто е и во аптеките. Тие не се известени и не можеме да земеме лекови без да платиме партиципација“, вели Јованова за НОВА.

Родителите бараат објаснување од надлежните дали со ова им е укинато правото за ослободување од партиципација на нивните деца. Се обратиле и кај раководителите во подрачните служби, но решение на проблемот не можат да најдат.

ФЗО-31-520x293

Во Фондот за здравство тврдат дека овие потврди со новите измени треба да ги издава Министерството за труд и социјала. Од таму објаснуваат  дека на почеток вакви проблеми имало и во Скопје, но веќе биле надминати. Што с е случува во другите градови не знаат да кажат, особено бидејќи се работи за друго министерство. Од Фондот потенцираат дека, од причина што аптеките првпат се соочуваат со ваква измена, тие подготвуваат известување на сите ЈЗУ и ПЗУ дека отсега овие потврди ќе ги издава Министерството за труд и социјала.

„Согласно новиот закон за општа и управна постапка, се измени начинот на остварување на право на ослободување од партиципација за определни категории на осигуреници, со цел олеснување и поедноставување на постапката за издавање на потврди.

Имено, лице кое има потврда издадена од надлежниот орган, т.е  Министерството за труд и социјална политика -Центар за социјална работа во која е наведено дека на лицето му е утврден статус на дете со посебни потреби според прописите за социјална заштита и истата може да послужи за ослободување од партиципација или дека лицето е корисник на постојана парична помош, односно е сместено во установа за социјална заштита друго семејство според прописите за социјална заштита и истата може да послужи за ослободување од партиципација. ФЗОМ му издава на лицето известување дека има право на ослободување од партиципација.

Децата со посебни потреби се ослободени со лични средства (партиципација) при користење на примарна, специјалистичко консултативна и болничка здравствена заштита и при подигање на лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ и лекување во странство“, се вели во одговорот на Фондот.

Од таму велат дека веќе разговарале со претставници од Министерството за труд и социјала на повисоко, но и на пониско ниво и не им е јасно зошто се уште има вакви проблеми.

Од Министерството за труд и социјала не одговараат зошто на родителите не им се издаваат соодветни потврди. Каде кочи работата, зошто се некоординирани со што им го скратуваат законското право на овие деца, а на родителите им создаваат дополнителни проблеми и малтретирање. Портпаролите на министерот Диме Спасов веќе подолг период не одговараат на телефонските повици иако за работата која треба да ја извршуваат се платени од парите на граѓаните.

dime-spasov-intervju-3

Во Ресурсниот центар за деца со посебни потреби велат дека знаат за проблемот и дека уште пред десеттина дена се обратиле до Министерството з а труд и социјала. Но и тие се уште немаат одговор од министерот Диме Спасов.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

деца со посебни потреби потврда право Спасов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.