Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитриев: Ако има пропуст на институциите, ќе следат соодветни мерки

0
By Влатко Чаловски on August 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 8, 2016 18:21

Сега е најважно да му помогнеме на населението, да не се занимаваме со барање на виновници и на жртви, да не го политизираме целиот овој настан и сите капацитети на сите структури да се стават во помош на населението, апелираше денеска премиерот Емил Димитриев одговарајќи на прашање на НОВА, што е со истрагите за смртните случаи од поплавите во скопско.

– Во моментов институциите работат на терен и евентуално наоѓање на нови жртви. Јас се надевам дека до тоа нема да дојде меѓутоа не можеме таа опција да ја исклучиме со оглед на површината која беше зафатена од непогодата. Истрагите околу ефикасно функционирање на институциите се одвиваат паралелно. Ние сме два дена после случувањата и оправдано е акцент да дадеме на помош и поддршка на населението, одговори Премиерот.

Во меѓувреме и понатаму останува мистерија како загинаа луѓето во невремето? Дали се удавија, се повредија, починаа од природна или насилна смрт? Каде, на кое место?

Прашањата на НОВА, институциите ги пренасочуваат од една кон друга.

Од МВР велат дека овие информации не се во нивна надлежност, па не упатија во Кризниот штаб и Центарот за управување на кризи. Од оваа институција не препратија во Владата, кај владиниот портпарол Александар Георгиев.

Од Јавното обвинителство соопштија пак дека критичната вечер, јавен обвинител не излегол на терен бидејќи нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело.

Откако дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје бил известен од МВР тој ги дал сите потребни инструкции за постапување на полициските екипи на терен.

Истовремено дежурниот јавен обвинител од страна на полициските екипи бил известен дека на теренот каде беа пронајдени телата не може да се врши увид и фотографирање, затоа што е непристапен и непрооден, а на истиот пристап имаат само специјални единици од МВР и од АРМ со чамци и оклопни возила.

Димитриев при денешната посета на селото Стајковци, каде се консултираше со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, потенцираше и дека одговорноста која ја имаат институциите не е заборавена и во еден момент таа ќе биде анализирана дали има одреден пропуст во работењето, и согласно тоа ќе следат и одредени мерки но дека засега целата концентрација на институциите е да им се помогне на ќителите во регионот на Сингелиќ Стајковци и Арачиново.

Официјалниот број на загинати до денес е 22, а како исчезнати се водат 6 лица. Нема информација како е вршена иденфтификацијата на жртвите и клучното прашање е зошто не е направена обдукција на телата, која е законски задолжителна во вакви случаи.

Емил Димитриев поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.