Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа  да го возобнови политичкото внимание на Балканот. ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со министрите за надворешни прашања на земјите од ЕУ во Брисел.

Постоењето на магичната фраза – политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели, потенцира министерот Димитров, се клучни за запечатување на европската иднина на Македонија.

– Ние имаме втора шанса да успееме, а нашите пријатели од Брисел имаат шанса да ги убедат скептиците во успешноста на пристапниот процес, рече Димитров.

Работниот појадок во неформалем формат – Пријатели на Македонија е во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Шведска, а покрај Димитров на средбата учествуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Информирајќи за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, како и за плановите на Владата и очекувањата во наредниот период, Димитров и Османи ја истакнаа потребата за поддршка од страна на земјите-членки и институциите на ЕУ за постигнување на долгоочекуваната цел – што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Дискусиите на работниот појадок, како што соопштија од МНР, биле фокусирани на перспективите на Република Македонија во контекст на отпочнувањето на пристапните преговори за членство во ЕУ, како и заложбите на Владата за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите и унапредувањето на добрососедските односи.

Димитров и Османи изразија благодарност на домаќините за организирање на состанокот, со кој, како што се соочиле, се овозможува директно информирање на земјите-членки за внатрешниот развој на настани во Македонија, пет месеци по формирањето на Владата.

Како клучни моменти од суштинско значење за Македонија во претстојниот период биле подвлечени објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер за ЕУ перспективите на Западен Балкан која треба да биде објавена во февруари 2018 година, Извештајот на ЕК за напредокот во април 2018 и Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018 година.

На работниот појадок присуствуваа комесарот Хан и сите земји членки, од кои 13 на ниво на министри за надворешни работи.

Во рамки на посетата на Брисел, денеска министерот Димитров ќе има и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Португалија и на Грција

Брисел Бујар Османи Никола Димитров Пријатели на Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.