Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини со која, како што изјави министерот било разговарано за европските приоритети на Македонија.
– Во регионот не треба да се плашиме да разговараме отворено за минатото, но не смееме да се дефокусираме од дискусијата за иднината, затоа што и иднината и вредностите што ги споделуваме се европски – вели Димитров.
Во тој контекст се разговараше и со министерот за Европа на Франција Натали Лузеау, МНР на Малта Кармело Абела и МНР на Унгарија Петер Сијарто, дека за иднината на Балканот исклучително важни се и реформите и европската перспектива да бидат реални и кредибилни.
– Непредвидливоста која ја обременува Европа и светот е сигнал дека ние во регионот мораме да ги забрзаме европските интегративни процеси – додаде Димитров.