„Ќе биде чудо доколку успееме да го решиме спорот за името со Грција, но чудата се можни. А денес на сите ни се потребни чуда“ рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на Самитот во Софија во пресрет на утрешниот состанок меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, пренесе Дојче Веле.
Според него, по позитивниот извештај од Европската комисија, Македонија со право очекува и добивање датум за почеток на преговори.
„Ќе биде трагедија доколку на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ“, рече Димитров.
Тој порача дека Македонија заслужува признание затоа што се менува.
Димитров денеска учествуваше на еден од панелите во Софија, заедно со бугарскиот и хрватскиот премиер Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.