Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров во ЕП: Дајте ни ветер во грб и жетвата ќе биде добра

0
By Светлана Јовановска on October 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел Македонија дојде, како што изјави шефот на нашата дипломатија Никола Димитров, со “охрабрувачка порака”.

Ова беше прв настап на новиот министер пред европските пратеници од Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Пратениците, изморени од долгото назадување на Македонија, со нетрпение очекуваа да ја слушнат.

Се разбира чекорењето во место во голем дел се должи на грчката блокада и спорот со името, но, како што забележаа некои пратеници, Македонија во овој момент се уште не може да се пофали со исполнување на основните копенхашки критериуми што ја отвораат портата за старт на преговори за членство.

Димитров детално ги извести пратениците за реформите и планот 3-6-9 на Владата но тој инсистираше пред се на новата политичка волја за градење мостови на добрососедство, регионална и меѓународна соработка. Македонија ќе знае позитивно да одговори ако и се дозволи да тргне напред во ЕУ интеграцијата :

„Предолго време искусуваме ветер во лице, дадете ни ветер во грб, а ние ќе возвратиме со мирни води и плодна жетва“, изјави Димитров.

Денес во ЕП изостанаа острите критики за состојбата на македонската демократија како што во последните години најчесто можеше да се чуе. Дури и најголемите поддржувачи на Владата на ВМРО-ДПМНЕ од сестринската демо-христијанска европска партија, како Хрватката Маријана Петир или Романецот Кристијан Преда имаа пријателски обраќања оставајќи ги зад нив критките упатени на адреса на Зоран Заев поради објавувањето на “бомбите”.

За Димитров “сега е вистинското време да се препознае моментумот и ургентноста за енергичен и позитивен ангажман кон повеќе, а не помалку ЕУ интеграција со цел да ни случат добри работи, нам, на нашиот регион и на нашата Европа”.

Грчките пратеници, разоружани поради позитивниот пристап на новата Влада кон сите соседи, беа воздржани во критиките па од еден од грчките пратеници рече дека новата Влада ставила крај на острите политики кон соседите и заклучи дека во оваа нова ситуација и во Грција има добра волја за напредок за решавање на билатералниот проблем со името.

За известувачот за Македонија, словенечкиот либерал Иво Вајгл, ЕП ја дава сета своја поддршка за старт на преговори за членство и рече дека мора да се најде начин тоа да се случи во текот на 2018 година дури и ако спорот со името дотогаш не биде решен.

 

 

ЕП Комитет за надворешни работи Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.