Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитровски: 31 милион евра за ИПА Програмата 2021-2027 од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија

0
By Ivana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија за третиот ИПА прогрмски период 2021-2027 година, денеска беше потврдена од страна на Заедничката работна група во чија работа учествуваат претставници од надлежните министерства од Северна Македонија и од Бугарија.

Во својата финална фаза Програмата ќе биде доставена на конечно усвојување во Брисел, по што ќе може да отпочне нејзината имплементација преку финансирање на заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Заменикот министер за локална самоуправа Зоран Димитровски ја поздрави посветеноста на надлежните институции од двете земји во текот на подготовката на Програмата. Димитровски ја истакна важноста на Програмата за граѓаните од двете држави.

– ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија ни става на располагање 31 милион евра од Европската Унија со кои што можеме да реализираме значајни проекти и во двете земји, како и еден стратешки проект, граничниот премин Клепало, за што се резервирани околу 10 милиони евра.

Димитровски рече дека во рамките на овој проект се предвидува изградба на нов и рехабилитација на постојниот патен правец за поврзување на Берово со Струмјани и рехабилитација на граничниот премин Клепало.

– Заедничката иднина на земјите од регионот е во Европската Унија, очекувам побрзо отпочнување на преговорите на нашата земја со Европската Унија и уште подобра и поинтензивна соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, рече Димитровски.

Усвојувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија од страна на Европската комисија е услов за отпочнување на нејзината имплементација.

Објавувањето на првиот јавен повик за проекти во три приоритетни области се планира за наредната, 2023 година, веднаш по усвојувањето и воспоставувањето на институционалната структура за спроведување на Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, за периодот до 2027 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.