Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитровски: Извештајот од мониторингот на локалната самоуправа е реален

0
By НОВА ТВ on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 27, 2021 17:02

Актуелниот извештај реално го отсликува функционирањето на системот на локалната самоуправа, поставен на темелите на Европската повелба за локална самоуправа, но и слабостите, кои што се согласувам, главно се однесуваат на финансирањето на општините за извршување на нивните исклучително бројни и важни надлежности, рече заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски на почетокот од своето онлајн обраќање на сесијата на 41 Сесија на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, каде што на дневен ред беше извештајот од Мониторингот на Европската повелба за локална самоуправа во Северна Македонија, Стразбур, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Македонија ги спроведува препораките на Конгресот, изјави заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски кој денеска учествуваше и се обрати преку видео врска.

– Исклучително сме свесни за улогата на Конгресот на локални и регионални власти и за нас се многу важни извештаите и препораките што произлегуваат од вашата работа, како врвен стандард во самооценката до каде сме и на што треба да се фокусираме во наредниот период, рече тој.

Димитровски потоа зборуваше за актуелниот момент на одржување локални избори, при што нагласи дека „првиот круг поминал во коректен изборен амбиент без нарушувања на изборниот процес, а главна карактеристика на овие избори била понудата не само од политички партии туку и од независни кандидати и листи за советници кои што се ангажирани во граѓанскиот сектор.“

Заменик министерот ги наведе активностите на Министерството за локална самоуправа и другите надлежни министерства во изминатиот период во правец на подобрување на системот на локалната самоуправа, како што се усвојувањето на Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година, како и Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2021-2026 година. Потоа зборуваше за мерките и активностите што Владата ги презема за подобрување на финансиските капацитети на општините како што беше еднократната помош од буџетот за отплаќање на 51 отсто од долговите, но и најновото предлог-законско решение за зголемување на стапката од ДДВ што е наменета за општините од 4,5 на 6 отсто, сукцесивно, почнувајќи од 2022 година и зголемување на приходите на општините од средствата од персоналниот данок од кој наместо досегашните три отсто, сега за општините ќе бидат наменети шест отсто.

– Се формираат два нови механизми за поправедна распределба на овие средства – Фонд за еквилизација од кој што ќе се помогнат малите општини кои што реално имаат ограничени финансиски ресурси и Фонд за перформанси од кој што ќе се наградуваат општините кои што добро управуваат со локалните финансии, особено во наплатата на локалните даноци и такси, рече Димитровски.

Што се однесува до локалната демократија и учеството на граѓаните и нивните здруженија во донесувањето на одлуките на општинско ниво, заменик министерот нагласи дека тој процес видно се засилува, за што добар показател за создадениот амбиент е големиот број на независни листи на кандидати за членови на општинските совети на овие избори.

– Граѓаните не само што бараат да бидат консултирани, тие сакаат да бидат дел од Советот кој што ги донесува одлуките. Можеби причина за тоа е и недоволната доверба во смисла колку нивните барања имаат директно влијание на одлуките на локалните власти, но дефинитивно и созадениот амбиент во кој што нивното ангажирање е навистина видливо а нивните барања можат да бидат гласни, рече Димитровски, кој ги спомена и бројните референдуми на локално ниво, организирани своевремено за спречување на изградба на рудниците.

На крајот од своето обраќање, заменик министерот рече дека во Владата и министерството се горди што механизмот за финансиска отчетност на општините, од страна на глобалната иницијатива Отворено владино партнерство е оценет како најуспешна заложба за добро управување на локално ниво претставена од Министерството за локална самоуправа навестувајќи дека ќе биде во конкуренција на најдобрите на ниво на Европа.

Димитровски одговараше и на прашања на учесниците во дебатата. Интересот беше за Фондот за еквилизација и како тој ќе им помогне на руралните општини, за што заменик министерот рече дека идејата е токму тоа, општините со помали можности да собираат даноци и други приходи, да добијат дополнителни средства за јакнење на финансискиот капацитет за остварување на своите надлежности.

На прашањето каква е употребата на јазиците на етничките заедници на локално ниво и дали тоа придонесува за кохезија на етничките заедници, поставено од францускиот член на конгресот Ксавие Кадоре, заменик министерот нагласи дека тоа е уредено со Уставот на државата, но и дека дополнително, актуелната власт донела измени на Законот за употреба на јазиците, според кои се прошири употребата на јазиците на етничките заедници.

Албанската етничка заедница но и помалите етнички заедници сега можат повеќе да го користат својот јазик во комуникација со органите на локалната, но и на централната власт. Меѓуетничката кохезија, според Димитровски, е видлива и од тоа што изминативе неколку години од кога е оваа коалиција на власт, во земјата немало меѓуетнички инциденти како порано.

Во врска со транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа, заменик министерот одговори дека согласно политиката на Владата за поголема транспарентност и отчетност на сите државни институции како и на локалната самоуправа, општините на своите веб-сајтови ги објавуваат сите важни документи од нивното функционирање, како што е на пример буџетот и финансиските извештаи, но и други информации важни за граѓаните на локално ниво, а некои општини со донаторска помош организираат и директен пренос од седниците на општинските совети.

Во  препораката усвоена едногласно, на предлог на известувачите, Харалад Бергман и Зденек Броз,  се повикуваат властите на Северна Македонија да ја разјаснат распределбата на надлежностите и да се делегираат повеќе овластувања на локалната самоуправа како дел од процесот на децентрализација. За таа цел, националните власти мора да обезбедат соодветно и пропорционално финансирање да им се овозможи на општините да ги извршуваат новите задачи предвидени со закон, смета Конгресот.

Во препораката, понатаму  се сугерира Владата на Северна Македонија да го зголеми уделот на општините во приходите на локалниот буџет и воведување на поширок систем на изедначување на нивните приходи.

На крај, националните власти се охрабруваат да ја зголемат дигитализацијата, да спроведуваат програми на градење капацитети на локално ниво и дополнително консолидирање на антикорупциските мерки.

Извештај Локална самоуправа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.