Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дин Мартин – музика, филм и алкохол

28
By Нова ТВ on July 8, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 8, 2014 14:10

Автор: Михаил Мице Бошковски

На почетокот на 20-от век, како и многу други семејства од Италија барајќи подобри егзистенционални услови за живот, така и родителите на Дин Мартин се населиле во САД, каде што и е роден како Дино Пол Крочети во 1917 г.

До пет годишна возраст зборувал само италијански јазик, што подоцна му прави потешкотии. Првин во училиштето често е на потсмев кај децата поради лошиот изговор на англискиот јазик. Па тоа е главната причина што не напредува во училиштето кое го напушта кога има 16 години.

Првин се вработува во локалната челичарница, потоа се обидува како боксер, па еден период во времето на прохибицијата се занимава со нелегално снабдување на алкохолни пијалаци, па дури работи како крупие во коцкарниците каде се запознава со повеке сопственици на ноќни локали.

Со нивна помош го добива првиот ангажман како пејач. Повеќе напредува кога бенд лидерот Семи Ваткинс го ангажира во својот оркестар и го наговара да го промени името во Дин Мартин. Младиот пејач веќе сонува голема кариера.

Себеси се гледа како ѕвезда од типот на својот идол Бинг Крозби. Тој сон и му се остварува. Во 1946 г. се среќава со Џери Луис. Стануваат пријатели, подоцна и партнери на сцената. Првин настапуваат одвоено, а подоцна како тандем.

Публиката се восхитува на нивните комични скечеви и музички настапи, па набргу стануваат најпопуларни забавувачи во цела Америка. А филмските продуценти, се разбира, не стојат со скрстени раце.

Дин Мартин и Џери Луис снимаат вкупно 13 филмови. Критичарите обично со потсмев гледаат на нивната работа, но публиката ги сака се повеќе и повеќе. За жал, последниот заеднички настап го имаат во 1956 г., на 10-годишнината од нивната прва средба. Се разделуваат поради крајно влошените меѓусебни односи.

Очекувањата на критиката беше дека тука е крајот на кариерата на Дин Мартин, но се случи обратното. Шармантниот Дин Мартин, миленик на женскиот дел од публиката, веќе ги имаше хитовите „Memories Are Made Of This“ (бр. 1), „That’s Amore“ (бр.2), „Return To Me“ (бр. 4), „Mambo Italiano“, „Sway“ и др. Згора на тоа, во 1957 г. добива улога во филмот „Млади лавови“ со партнерите Монтгомери Клифт и Марлон Брандо, во кој Дин Марти го покажува својот раскошен талент и како драмски актер.

Во тој период само Френк Синатра и Дин Мартин можат да се пофалат со успешна кариера и како филмски актери и како пејачи. Затоа тие двајцата се здружуваат и остваруваат многу плодна соработка на обострано задоволство.

Во 1958 г. го снимаат филмот „Some Come Running“. Овој филм, кој има огромен успех кај публиката придонесува за формирање на елитна група на славни актери и пејачи позната како „Рат Пак“ во која покрај Дин Мартин членуваат: Френк Синатра (1915 – 1998), Семи Дејвис Џуниор (1925 – 1990), Питер Лафорд (1925 – 1984) и Џој Бишоп (1918 – 2007).

Повремено на групата и се приклучуваат и актерките: Џуди Гарланд (1922 – 1969), Ширли Мек Лејн (1934 – ) и Лорен Бекол (1924 – ). „Рат Пак“ опстојува до крајот на 60-тите и има позитивно влијание на кариерата на Дин Мартин кој продолжува да снима успешни филмови и да издава музички квалитетни и издржани албуми.

Во 1964 г. кога во САД неприкосновено владеат „Битлси“, тој освојува прво место со една од неговите најпопуларни песни „Everybody Loves Somebody“ од истоимениот албум. Две години подоцна, во 1966 година со „The Dean Martin Chrismas Album“ за првпат освојува прво место на топ листите за албуми.

Всушност, во текот на целите 60-ти години тој го одржува својот рејтинг на славен пејач, актер и ТВ шоумен. Во 70-тите веќе кога почнува да ја троши шестата деценија од животот, полека ја намалува својата активност и најчесто настапува по ноќните локали каде што цигарата и чашката му се главен реквизит.

Од тутунот, алкохолот и од жените никогаш не беше се откажал. Се женеше три пати и има осум деца. Последниот филм го сними во 1984 г. (шести во последните 15 г.), три години подоцна доживува семејна трагедија кога во авионска несреќа загинува неговиот син Дин Пол.

Тоа тешко го поднесува и до крајот на животот живее во осаменост. Умира на католички Божик во 1995 г. Погребан е во Лос Анџелес, а на надгробната плоча напишан е насловот на неговиот хит од 1964 година „Everybody Loves Somebody Sometimes“ („Секој понекогаш сака некого“).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.