Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски го прими мандатот за состав на нова Влада кој му го додели шефот на државата Стево Пендаровски, со што и официјално стана мандатар за состав на новиот владин кабинет. 

Ковачевски рече дека уште веднаш почнува со определување луѓе за новиот тим со кој ќе раководи и дека ова за него претставува огромна чест за што упати благодарност.

– Во тимот ќе влезат стабилни и храбри луѓе кои ќе работат ефикасно,чесно и одговорно и ова како одлика на мојот тим со кој ќе раководам , ќе биде во насока да ја вратиме довербата од граѓаните. Силен фокус ќе биде ставен на економијата и на финансиска поддршка на семејствата, истакна новиот мандатар за состав на Владата.

Ковачевски истакна дека периодот е полн со неизвесности и дека е потребно да се надминат поделбите, да престанат бескрајните кавги  и потребно е обединување околу клучните прашања за државата.