Актуелниот директор на ЦИА Џон Бренан, застана во одбрана на методите кои службата ги користела за време на испрашувањата на осомничени за време на менаџирањето на Џорџ Буш со државата, истакнувајќи дека агентите спасиле голем број на животи.
Според него, службата покажала резултати при спречувањето на тероризмот.
Овој став на директорот на ЦИА доаѓа по извештајот на Сенатот каде што е нагласено дека Агенцијата користела нехумани техники и дека при тоа САД немале никаква корист од нивното работење.
На конференцијата за новинари Бренан истакнал дека против притворениците биле користени неодобрени, а во некои случаи и „одвратни“ методи, но и дека ЦИА исправно постапила во голем број случаи во време кога многу тешко се доаѓало до било какви информации и сознанија.




