Инспектор во Американското Министерство за правда покренува истрага за активносите на Федералното истражно биро (ФБИ) за време на изборите, објави Би би си.
Директорот на Бирото Џејмс Коми одлучи одново да ја отвори истрагата за приватната електронска пошта на Хилари Клинтотн на 11 дена пред изборите што предизвика потрес во кампањата.
Главниот инспектор во Министерството Мајкл Хоровиц рече дека ќе истражува „одредени активности“ на ФБИ и Министерството.
Клинтон беше ослободена од секакви обвиненија за погрешни одлуки неколи дена пред самото гласање.
Нејзината кампања ја посочи токму овој потег на ФБИ како клучен фактор за поразот на иборите од страна на Доналд Трамп.
Во денешното соопштение не се споменува конкретно Клинтон, но се однесува на обелоденувањето на случајот во јавноста од страна на Коми.
Хоровиц рече дека неговата истрага ќе се фокусира и на прес конференцијата во јули 2016 кога Коми рече дека нема да препорача обвинение против Клинтон.
Исто така ќе се разгледува и писмото до Конгресот од 28 октомври кога Коми посочи дека има повеќе електорнски пораки кои треба да бидат прегледани.
Но фокусот на истрагата сепак ќе биде многу повеќе од дејствувањето на Коми за време на кампањата. Таа исто така треба да даде одговори и на прашањата што ги покренаа републиканците дека некои пониско рангирани функционери на ФБИ можеби споделувале информации со кампањата на Клинтон.
Во зависност од начинот на кој ќе биде спроведена истрагата и заклучоците, тоа може да биде само иницијална каписла на „динамитот“ што може да експлодира во текот на оваа година, објавува Би би си.
Според инспекторот Хоровиц истрагата следува како одговор на голем број барања од јавноста и од членои на Конгресот.




