Генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“, Никола Костов, поднесе оставка, откако една недела вработените се во штрајк поради неисплатени плати.
Како последица на штрајкот, патничкиот и товарниот железнички сообраќај е шест дена во прекин.
Владата вчера одлучи да ѝ исплати директна помош од 70 милиони денари на компанијата, за непречено функционирање и за надминување на проблемите, но железничарите велат се уште не добиле пари.
Тие порачуваат дека штрајкот ќе го прекинат кога во целост ќе се исплати јануарската плата.
Костов на оваа функција беше две години. За директор беше назначен во февруари 2015 година.