Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дисциплински постапки за судии кои намерно нема да закажуваат рочишта

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судиите кои без оправдана причина нема да ги закажуваат рочиштата по предметите, ќе ја одложуваат постапката или  нема да го зема предметот во работа по што би настанало застареност на кривичното гонење ќе се соочат со дисциплински постапки. Ова меѓу другото го предвидува Законот за судовите што денеска беше изгласан во Собранието и за кој гласаа и пратениците од опозицијата.

Претседател на суд да може да биде разрешен од функцијата доколку Судскиот совет  утврди дека не ги применувал  одредбите во врска со управувањето и распределбата на судските предмети и кога се повредени одредбите за измена на годишниот распоред на судии.

Судија може да биде разршен и доколку открива доверливи информации што ги дознал постапувајќи по предметите или вршејќи ја судиската функција.

Со измените во Законот за судови Врховниот суд доби рок од шест месеци да даде правно мислење по сопствена иницијатива, по иницијатива на претседател на суд, на судии или по иницијатива на адвокати. Мислењата треба да се објавуваат на веб-страницата на Врховниот суд.

Со донесувањето на дополнетиот Закон за Судскиот совет кој исто така беше донесен денеска, член на Советот, додека му трае  мандатот, не може да биде избран за судија, за судија во повисок суд или за претседател на суд.

По предлог на ВМРО-ДПМНЕ од Законот е избришан членот со кој министерот за правда и претседателот на Врховниот суд како членови на Советот учествуваа во работата на оваа институција без право на глас. Член на Советот може да биде оддалечен од вршењето на функцијата ако против него е одобрен обвинителен акт.

Двата закони беа дел од реформскиот пакет и беа усогласени со опозицијата.

 

Закон за судови Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.