Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џанго Велики

0
By Нова ТВ on July 9, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 9, 2014 15:15

Автор: Михаил Мице Бошковски

Оваа година во јануари се навршија 100 години од раѓањето на Жан Батист Рајнхарт, белгиски Ром, на пошироката публика познат како Џанго Рајнхарт (во Франција како Жан Ренар), од фановите наречен „Џанго Велики“. Роден е во Белгија, а неговото семејство по долго талкање по светот, се населува во едно париско предградие каде што живеаат ромски семејства во импровизирани живеалишта. Уште како мал, Џанго покажува особен интерес за музиката и почнува да свири на виолина и на бенџо.

Гитарата ја засакал кога еден сосед му ја подарил бидејќи го насетил големиот потенцијал кај самоукиот мал генијалец. Пресвртница во неговиот живот е пожарот што сам ненамерно го предизвикал. Тогаш имал 18 години и веќе бил женет. Неговата сопруга изработувала украси од лесно запалив материјал, па кога доцна во ноќта тој се вратил од настап, случајно ја турнал запалената свеќа и за миг се пламнало, а тој како последица добил сериозни изгоретини на едната нога и на последните два прста од левата рака. Ногата, за која хирурзите му предлагале ампутација, била спасена, а двата прста на раката засекогаш останале деформирани и скоро неупотребливи со минимална функција. Па како тогаш ќе може да свири гитара – се прашувале многумина?!

Но така не мислел и Џанго. Тој со упорна работа додека траела рехабилитацијата, успеал да создаде сопствен и единствен стил на свирење гитара. Подоцна многумина гитаристи се обидувале да го имитираат, но никој ни приближно не успеал од гитарата да го извади тоа што можел Џанго. Неговиот џез израз бил рамен на американскиот, па не случајно уживал голема популарност и од другата страна на Атлантикот. Посебно била интересна неговата музика обоена со елементи на ромскиот фолклор и несомнено во своето време бил најинвентивниот европски џез музичар.

Со интернационална слава се стекнува кога првин настапува и снима со францускиот пејач Жан Саблон и особено кога во 1934 г. со виолинистот Стефан Грапели (1908 – 1997, братот Жозеф (1912 – 1982) – гитара, Роже Шапи (1909 – ) – гитара и басист Луј Вола 1902 – 1990), го формира „Quintette du Hot Club de France“ кој беше единствена таква комбинација составена од петмина музичари кои свират на жичани инструменти.

Кога пламнува Втората светска војна составот се наоѓа на турнеја во Англија. Грапели останува во Лондон, а Џанго ризикува и се враќа во Парис, иако знае дека стотици илјади Евреи и Роми завршија во концентрационите логори. Тој останува негибнат настапувајќи слободно по париските локали. За своите настапи бараше, а и добиваше високи хонорари.

Се смета дека, најверојатно имал заштита од извесен германски воздухопловен офицер Дитрих Шулц, популарно викан „Доктор џез“ кој го обожавал неговото свирење. По војната, кога Грапели се враќа во Париз ја продолжуваат соработката. Во 1946 година патува за Њујорк за да настапи во Карнеги Хол со Дјук Елингтон. Инаку, остварил соработка и со многу други познати американски џез музичари меѓу кои и со Луј Армстронг кого го нарекуваше „мој брат“.

Џанго Рајнхард беше необразован музичар, а немаше ни некакво лично образование. Беше скоро неписмен. Многупати неодговорен кон професијата. Знаеше да не дојде на веќе однапред закажани концерти или да дојде без инструмент. Никогаш не вежбаше. Беше во состојба, по подолга апстиненција, едноставно да ј земе гитарата и да свири, без никакви проблеми. Познат е како голем импровизатор. Секоја негова импровизација е различна од претходната. Едноставно беше вонсериски надарен музичар.

Во почетокот на 50-тите ја прифаќа електричната гитара од која претходно не беше воодушевен. Во тој период ги прави своите највредни снимки, но за жал на 16 мај во 1953 година умира од мозочно крварење на 43-годишна возраст. Неговите два сина исто така свиреа гитара. Како врвен инструменталист изврши влијание на многу гитаристи, кои во подоцнежните години станаа славни: Ерик Клептон, Џеф Бек, Џими Пејџ, Чет Аткинс, Џо Пас, Сантана, Пит Таусенд, Питер Фремптон, Хозе Фелисиано и многу други.

Вили Нелсон, на една турнеја низ Европа, носеше маица со ликот на Џанго, што подоцна во едно интервју го објасни како почит кон големиот уметник. И филмската уметност не остана имуна на Џанго. Во 1957 година францускиот режисер Пол Павио сними документарен филм за него, а како лик се појавува во повеќе филмови, а исто така често е користена и неговата музика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.