Published: Sunday, February 21, 2016 11:31
Екс-гувернерот на Флорида, Џеб Буш најави повлекување од трката за кандидат на Републиканците за претседател на следните избори во САД бидејќи не постигна успех каков што посакуваше.
При гласањето во Јужна Каролина вчера, на кое победи Доналд Трамп, Буш беше дури четврти.
– Ја прекинувам мојата кампања, соопшти Буш пред своите поддржувачи.
Џеб Буш беше еден од главните кандидати на Републиканците при почетокот на кампањите, како брат односно син на поранешни претседатели.




