Published: Friday, November 20, 2015 11:31
Двајца тешко вооружени џихадисти извршија напад во хотелот „Радисон“ во центарот на главниот град на Мали, Бамако. Околу 140 гости и 30 вработени во моментов се заложници во хотелот.
– Најверојатно тоа е обид за земање заложници. Полицијата е на самото место и го блокираше реонот, изјави претставник на безбедносните сили на Мали, пренесуваат медиумите од светот.
Според очевидци, напаѓачите во хотелот пристигнале со дипломатски возила. Тие упаднале со извици „Бог е голем“ на арапски јазик.
„Радисон“ е хотел во кој најчесто гости се странци кои работат во Мали.
Оваа година исламистички милитанти убија 13 лица, меѓу кои и петмина службеници на ОН, при напад врз хотел во градот Севаре во централниот дел на Мали.




