Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК ќе анализира како се доделуваат спортските ваучери, остануваат ризици од можни злоупотреби

0
By НОВА ТВ Balaban on February 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во наредниот период активно повторно да се вклучи околу анализа за самото доделување на спортските ваучери, побара на денешната седница Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Според него, ризиците од можни злоупотреби на овие финансиски средства од даночно ослободување остануваат и во оваа 2022 година.

Тој информираше дека Антикорупција побарала и од Државниот завод за ревизија оваа година да ги стави во својот план за ревизија и Агенцијата за млади и спорт, што било и одобрено.

Сето тоа, наведе Георгиев, од аспект на немање отчетност на спортските клубови, федерации и спортистите за тоа како ги потрошиле одобрените средства.

Врз основа на иницијативата лани на ДКСК, АМС за оваа година има усвоено унифициран образец – извештај со кој сите корисници на средствата преку ваучери ќе образложат на кој начин ги потрошиле ваучерите.

Централна позиција има т.н. Централна комисија за евалуација на предлог-листите, бидејќи таа ги рангира федерациите, спортските клубови и активните спортисти и како таква ја доставува понатаму до директорот на АМС, каде пак конечно се одлучува кои и колку средства ќе добие од ваучери, изјави меѓу другото Георгиев.

Потсети дека во Националната стратегија на ДКСК за борба против корупција и судир на интереси за периодот 2021-2025 година прв пат е воведен секторот спорт, исто така, како што рече, како ризичен од корупција.

–  Во него има повеќе детектирнаи ризици, а еден од тие ризици беше самото финансирање. Дали е добар тој модел на финансирање преку  ваучери односно тоа е даночно ослободување согласно Законот за данок на добивка. Минатата година направивме голема анализа и врз основа на тоа дадовме поголем број препораки до надлежни институции, вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт, до Министерството за правда, до Владата…., рече тој.

Се осврна и на тоа дека ДКСК има констатирано оти самиот систем на финансирање на спортот преку ваучери и не е најдобриот модел, бидејќи, како што потсети, тогаш детектиравме ризици дека честопати може да се случи компанијата што дава средства од ваучерот, на одреден начин да преговараат и да договараат затоа колку и како би биле дадени средствата.

анализира ДКСК спортските ваучери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.