Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен биланс за ковид-19: Само седум нови случаи, еден починат и 24 излекувани

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно починато лице, седум новозаболени и 24 излекувани пациенти е билансот на ковид-19 во земјата во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ кај 70 годишен пациент од струшко Лабуништа кој бил хоспитализиран на 8 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Седумте нови случаи со коронавирус во земјава се регистрирани кај три лица во Тетово и по две од Куманово и од Кочани.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), како што се посочува, регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови и тоа во Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.231. Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 340, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 117, Тетово – 60, Струга – 55, Велес – 59, Битола – 17, Охрид – 15,      Кавадарци – 4, Гостивар – 13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3,     Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2 и Пехчево – 1, потенцираат од МЗ.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста и тоа преку ИЈЗ – 201 и Клиниката „Жан Митрев“ – 6. Досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а четворица се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се седум пациенти, а пет пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во Клиничката болница во Штип, на болничко лекување се четири пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, информираат од МЗ.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.