Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Две лица починаа, 16 излекувани, 17 нови случаи

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две починати лива, 16 излекувани и 17 новозаболени е билансот на ковид-19 во земјата за последните 24 часа, наведуваат од Министерството за зџдравство (МЗ). На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 89 годишна возраст кој бил хоспитализиран на 4 мај, додека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира и починат пациент од Велес на возраст од 72 години во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Од МЗ информираат дека ИЈЗ денеска регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 7, во Куманово – 6, во Прилеп – 2 и во Велес – 1.

Во изминатите 24 часа се направени 460 тестирања, при што се потврдени 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 3, во Куманово – 2, во Прилеп – 3, во Тетово – 6, во Велес – 2 и во Битола – 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 392. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 592, активни 134
Куманово – 413, активни 43
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 1
Прилеп – 193, активни 63
Тетово – 131, активни 68
Струга – 69, активни 6
Велес – 113, активни 49
Битола – 26, активни 7
Охрид – 7, активни 2
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 19, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 2
Берово – 1, активни 1

Направените 460 теста се преку ИЈЗ – 257, преку Ветеринарен факултет – 14, преку „Авицена“ – 8, преку „Биотек“ – 20, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 33, преку „Систина“, со PCR метода, – 19 и преку МАНУ – 109. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ се тестирани 135 лица од Битола, каде е регистриран еден позитивен случај, а преку МАНУ се тестирани 90 лица од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени тројца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ се примени шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест лица и уште две имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, на домашно лекување се следат уште двајца. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четири лица со ковид-19, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Прилеп се хоспитализирани вкупно 48 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.