Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Едно починато, 22 излекувани, 33 нови случаи

0
By Нова ТВ on May 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно починато лице, 22 излекувани и 33 новозаболени и билансот на ковид-19 во земјава за изминатите 24 часа, истакнуваат од Министерството за здравство (МЗ). Смртниот случај е регистриран кај 70 годишен пациент од Велес кој починат на пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Тој бил хоспитализиран на 4 мај на Инфективното одделение во велешката болница, но поради влошување на состојбата бил упатен кон главниот град, се посочува во дописот на МЗ.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), според МЗ, денеска се регистрирани 22 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 2, во Куманово – 6, во Штип – 3, во Прилеп – 7, во Тетово – 1, во Струга – 1 и во Кочани – 2.

Во изминатите 24 часа, како што се наведува, се направени 332 тестирања, при што се потврдени 33 нови случаи со ковид-19 во земјава и тоа во Скопје – 11, во Куманово – 2, во Штип – 1, во Прилеп – 5, во Тетово – 2, во Велес – 9, во Битола – 2 и во Крива Паланка – 1.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во бројот на активни случаи во моментот изнесува 404.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 526, Куманово – 404, Дебар – 51, Штип – 35, Прилеп – 167, Тетово – 95, Струга – 67, Велес – 95, Битола – 22, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар – 17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 6, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2 и Кратово – 1.

Направените 332 теста се преку ИЈЗ – 218, преку Ветеринарен факултет – 17, преку „Авицена“ – 13, преку „Биотек“ – 22, преку Клиниката „Жан Митрев“ – 19, преку „Систина“, со PCR метода, – 23 и преку МАНУ – 20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани се 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се четворица пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, а уште еден пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.