Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината.

Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека на 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи.

„Од пристигнатите податоци од 99,92% од избирачките места, до 15 часот излезноста на гласачите изнесува 28,97 отсто. До 15 часот поднесени се 8 приговори за заштита на личното избирачко право. Истите се прифатени“, информираат од ДИК.