Државната изборна комисија известува дека на избирачкото место број 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 17 часот на гласање излегле 377, или 52.8%.

За споредба, излезноста на 11 декември беше за 22 избирачи помала во истиот период. Државната изборна комисија закажа прес-конференција во 21:30 часот.