Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До кога ќе трае молкот на институциите околу „Макпетрол“?

0
By Нова ТВ on October 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И четири месеци откако анонимната офшор-компанија „Балкан петролеум холдинг лимитед“ објави дека има намера да го преземе најголемиот македонски дистрибутер на нафтени деривати – Макпетрол, државните институции и натаму молчат околу сите аспекти на постапката. Јавноста и натаму ги нема клучните информации – кои се вистинските сопственици на „БПХЛ“, компанијата скриена зад офшор-шемите на Кипар и Британските Девствени Острови, и од каде потекнуваат нивните пари?, пишува порталот Плусинфо.

Комисијата за хартии од вредност пред точно еден месец, на 19 септември, донесе одлука времено да ја запре постапката за издавање дозвола за преземање на „БХПЛ“, образложувајќи го потегот со тоа дека се чека „решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган“. Од КХВ, како и дотогаш, не дадоа никакви дополнителни информации за тоа кој државен орган е во прашање, што уште повеќе го засили општиот впечаток дека институциите тактизираат околу целиот случај и кријат информации кои се важни за вработените и акционерите на Макпетрол, како и за сите други заинтересирани страни.

Молкот засега е единствениот одговор и во Централниот депозитар за хартии од вредност, каде според законските прописи, понудувачот треба да ја достави банкарската гаранција за преземањето на акциите. Иако „БПХЛ“ соопшти дека ја доставил гаранцијата од 47.5 милиони евра, од Централниот депозитар тоа не го потврдија, ниту пак дадоа какви било други информации околу валидноста на банкарската гаранција и нејзината важност.

И покрај информациите за сомнителното минато на наводните „инвеститори“ од „Балкан Петролеум“ и наводите за нивна вмешаност во корупција и перење пари, ниту Управата за финансиско разузнавање не се одважи да го истражи потеклото на парите со кои руско-украинската компанија се обидува да го преземе македонскиот нафтен гигант.

Наспроти молкот на домашните институции и тактизирањето околу конечната одлука за нафтената компанија,за случајот со Макпетрол се заинтерсира  Европската енергетска заедница која изрази загриженост и испрати писмо до македонските власти со барање да разјасни некои аспекти од случајот.

Експертите веќе се изјаснија дека ваквиот однос на македонските институции кон овој случај укажува на сомнежи дека некој премолчено дозволува влез на сомнителен странски капитал во домашната економија. Имајќи ја предвид големината на Макпетрол и неговото значење, ваквите заткулисни игри можат да предизвикаат несогледиви последици за македонското стопанство, а цехот од неодговорноста на властите ќе го плаќаат сите граѓани, објави Плусинфо.

 

Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.