Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До крајот на јануари, анекс договор за автопатот Кичево – Охрид

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 8, 2017 14:22

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува  Владата и кинески „Синохидро“ до крајот на јануари да ги завршат преговорите утврдување нов рок и дополнителни финансии за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

– Договорот кој го склучила претходната Влада е автопатот да биде изграден до 31 јануари 2018 година. Ние сметаме дека е добро дотогаш Владата и ЈП  за државни патишта да склучат анекс договор за продолжување на рокот и дотогаш да биде утврдена дополнителната цена  за да се догради автопатот, рече Сугарески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше најавена изградба на нов експресен пат.

Според директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, паралелно со преговорите со забрзано темпо се работи целата експропријација на земјиштето.

– Некој не видел 100 куќи на патот, некој не видел дека од Кичево до Охрид не можеш ниту да се  симнеш ниту да се качиш, а нема клучки, рече  Китанов.

Поради избран и нецелосен проект настанал проблем и при изградбата на делницата Миладиновци-Штип каде на самата траса има 22 далновода.  Според Китанов, до 1 следниот месец ќе бидат отстранети сите пречки за продолжување на изградбата на тој автопатот за кој Владата и „Синохидро“ со анекс договор го продолжија рокот за изградба до септември следната година и се обврзаа до 15 февруари да нема меѓусебни оштетни побарувања.

– Отстранети се речиси сите 22 далноводи, во добра соработка сме со ЕВН, се работи, ќе нема никаков проблем по 15  февруари и автопатот да биде завршен навреме. Имаме рок до 15 февруари, но сметам дека веќе до 1 декември ќе нема никакви препреки, информира Китанов.

Првичкиот рок за завршување на оваа автопатска делница во должина од 47 километри, во вредност од 206 милиони евра, беше мај годинава.

За патот Скопје-Блаце, како проект што чека реализација многу години, според најавите од Сугарески и Китанов ќе има и автопатска делница и реконструкција. За проектот за автопатското решение досега со пари од инвестицискиот фонд за Западен Балкан се изготвени преминирен и финансиски извештај, како и извештај за сообраќај, студија за оправданост, стратешка оценка  за влијанание врз животната средна и идеен проект. Во септември годинава се побарани дополнителни пари за да се завршат потребните геодетски  и механички истражувања, како и за основен проект, студија со оценка на влијание на животната средина и за тендерска документација.

автопати Зоран Китанов ЈП за патишта Кичево-Охрид Скопје-Блаце Сугарески Штип-Миладиновци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.