Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До сите ќуто-промотори

0
By Zoran Ivanov on March 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 17, 2025 20:52

Со ќуто-промовирање да спасувате глава од одговорноста која очигледно не сте ја имале и не сте ја спровеле, со однапред пазење да не провоцирате антифашистичка граѓанска реакција на немериторното запоседнување на институциите, само ви го покажува кукавичлукот, кој оди заедно со неморалната распиштоленост. 

Емилија Целакоска

Гледам владеачката ВМРО-ДПМНЕ преку министерот за внатрешни работи и премиерот промовира една извртена „етика” дека за жалниот настан не требало да се зборува. Секој психолог (и педагог!) ќе ви каже (а на УКИМ Катедрата по психологија и официјално ни предочи) дека не би требало да се замолчуваат луѓето кога се работи за ваква несреќа од толку голем размер.

А никако и со безобразен тон да се опоменува новинар кој истражува со прашања, никако! Ботовите и робовите на вмро да престанат да ја промовираат тошковската извртена „етика” да се ќути и да не се зборува – се знае дека тоа му служи нему како бегање од час по испрашување, бегање од одговорноста која секако дека уште претходно морал веќе да ја носи на грб! На јавноста, нам, ни е потребна секоја информација што се случило, затоа што вистината е единствениот пат до моралот, етиката и одново воспоставување на стандардите кои им служат на граѓаните! Товарот на вистинските стандарди го носат институциите, службите и со тоа носат одговорност спрема нас, јавноста, граѓаните!

Да потсетам само дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт како партија и од претходен етос на опозициска партија. Во овие две работи (партија + претходна опозиција, а сега власт) се содржат аргументите зошто не би смеело да се промовира молчење во врска со несреќата. Не само новинарите и секој кој ќе почне да прашува и истражува ќуто-промоториве бараат ДА МОЛЧИ. За партиите има посебно извртен „аргумент”, дека ако е опозициска партија, тогаш со зборувањето и прашувањето таа „лови политички поени”. Ова дава многу добра слика што ВМРО-ДПМНЕ смета дека е партија: Колектив чија отимачина е буџетот и државните институционални ингеренции! За ВМРО-ДПМНЕ и секој нивен роб и бот (невозможно е да се нарече приврзаник со ваков етос) е смешна помислата дека партијата всушност и може да се залага за граѓански интереси, државни стандарди и институционални компетенции. Дали СДСМ смее да прашува, да бара одговор, ако претходно во нивно владение „им се случиле” несреќи?

Лесно се проверува дека процесуирањето на сите минати несреќи се случи, но се одвиваше страшно бавно и некомпетентно. Да се потсетиме дека за ефикасноста, одлучноста, експедитивноста, таа владеачка гарнитура на чело со СДСМ доби кец и изгуби и дел од своите човечки ресурси. На граѓаните не им треба ист таков заташкувач, па колку да им е денес несимпатичен СДСМ, улогите се свртени сега: Одговорноста што се огледува во сите институционални извршни и инспекциски алатки за контрола овие девет месеци биле и се во рацете на кадар од партијата ВМРО-ДПМНЕ (и помалите нејзини сателитски партии).

Ќуто-промоторите го користат фалш „аргументот” tu quoque („а вие”?) за СДСМ. Но СДСМ веќе е казнет за својата неефикасност. Вртењето на вниманието на други несреќи е релативизација на одговорноста на кадарот од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а која на сосем политички начин дошла да биде кадар на државните институции – очекувањата биле дека ќе биде поефикасна, а не помалку ефикасна или еднакво неефикасна! За оваа несреќа, на СДСМ, како и на граѓанството, без директни алатки за контрола и инспекција, во никој случај не може да се распостели вина! Навреда е и за семејствата на настраданите да вртите внимание на други несреќи! Особено што главата на одговорноста ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ отворено бега од одговорноста со помош на овие вртења на вниманието!

Ако го земеме како норма извртениот „етос” за прашањето што е политичка партија според ВМРО-ДПМНЕ, тогаш самиот тој извртен „етос” сосема оправдува друг субјект (СДСМ, на пример) да се отима за власт! Тоа е и еден од елементите според кои се гледа дека комплетниот извртен „етос”, заедно со ќуто-промовирањето е неетички во нормалната човечка морална рамка! „Апелот” да се молчи се упатува, всушност, кон исправниот морален код на новинарите и сите прашувачи, вклучувајќи ја и СДСМ тука, затоа што ВМРО-ДПМНЕ, иако го нема (се користи со извртен „етос”) – добро знае дека тој морален код отстапува корист на партијата ВМРО-ДПМНЕ како субјект. Нормалната морална рамка на другите, на ВМРО-ДПМНЕ му е потребна, не за да ја научи и вгради, туку да ја искористи и фрли како валкана крпа која, глупата таа, му послужила да се извлече.

Не смее да се паѓа на таа извртена нечовечка динамика – тоа е зло! Молчењето е воедно и злоупотреба на потребата да се ЗНАЕ што се случило од страна на блиските на починатите, но и повредените; кој е виновен, кои пропусти ги направил зошто му биле дозволени и од кого. Зло е да не се одговори ова, зло е да се наметне на граѓаните да не им е гајле и да си гледаат своја работа ако не се директно засегнати. Во своето неетичко нормирање да не признаваат општочовечка засегнатост, идна засегнатост, предострожна засегнатост и нормално – одговор на очекувањата дека институциите работат нон-стоп и во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ всушност индиректно признава дека е виновна за некомпетентно пополнување на државните институции, дека не може да го достигне значењето на поимот државна институција. Дека е името на некомпетенцијата.

Што добивме како граѓани? Извлекувања дека инспекторатите не можеле нон-стоп да работат? Барања да се молчи да не случајно се отвори хиерархијата на пропустите? Да не случајно досегнува до главните ќуто-промотори? Како граѓани имаме право да знаеме дали институциите биле компетентни или служеле за аздис! Треба да знаеме дали партиската хиерархија се вградила како неформална институционална хиерархија за да знаеме на што сме. Ако се случува вакво хиерархисување, барем не ни мачкајте очи, скриени како вошки во кучешко крзно, излезете како мажи и терајте го фашизмот како фашисти. Со ќуто- промовирање да спасувате глава од одговорноста која очигледно не сте ја имале и не сте ја спровеле, со однапред пазење да не провоцирате антифашистичка граѓанска реакција на немериторното запоседнување на институциите, само ви го покажува кукавичлукот, кој оди заедно со неморалната распиштоленост.

Текстот е сопственост на Рацин.мк

ДПМНЕ Емилија Целакоска колумна ќутолозо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.