Published: Monday, December 14, 2015 10:19
Над 700 илјади луѓе се евакуирани од централниот дел на Филипините во очекување на силниот тајфун Мелор, што би можел да предизвика огромни штети во оваа островска земја.
Само во Албај досега се евакуирани 600.000 луѓе, од страв дека поројните дождови ќе предизвикаат одрони и лизгања на земјиштето од вулканот Мајон, што се наоѓа во непосредна близина.
Од утрово тајфунот со ветер од 185 километри на час го зафати северниот врв на островот Самар, на кој живеат 1,5 милиони луѓе, но засега нема информации за евентуални жртви.




