Денеска шефот на државата Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма од новата амбасадорка на Украина во нашата земја, Лариса Дир.

„Да се биде амбасадор на Украина во овие тешки времиња за земјата, која е жртва на брутална агресија од страна на Руската Федерација, е исклучителна задача. Доаѓате во пријателска држава која секојдневно сочувствува со вас и затоа Ве уверувам дека ќе ја имате нашата целосна поддршка, а сите наши институции ќе го олеснуваат Вашето работење и ќе се обидат да помогнат на сите можни начини“, и рече претседателот на Северна Македонија на новата украинска амбасадорка. (С.Д.)