Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добредојде за амбасадорката Анџела Агелер

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ниту еден друг американски амбасадор не бил чекан со толкаво нетрпение како новоименуваната амбасадорка Анџела Агелер. За тоа придонесе нејзината најава дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери. Што да се одговори на тоа освен Very nice и со очекување на крајот на нејзината мисија да ѝ кажеме и Good job!
Политичките и медиумски кругови, а особено граѓаните на оваа земја,  повторното доаѓање во Македонија го сметаат за пресвртна точка во борбата против корупцијата. Што е пак, добар повод да констатираме дека повторно очекуваме друг да нѝ ги решава внатрешните проблеми.
Корупцијата, се разбира, не е е производ ниту на Преспанскиот договор со Грција, ниту на договорот со Бугарија, а уште помалку на Охридскиот договор, и не може на други да ја префрлиме борбата за справување и одговорноста за штетите кои ги предизвикува.
Но, бездруго е причина за оптимизам фактот што новата американска амбасадорка која е веќе на пат кон Скопје, одлично е запознаена со овдешните состојби и соодветно ги адресираше при нејзиното сослушување во политичките институции на САД.
Она што меѓутоа ја издвојува амбасадорката Агелер од претходните дипломатски претставници на Стејт Департментот во Македонија, е што веќе еднаш беше на мисија во Македонија и што освен македонскиот одлично го разбира и говори и нашиот локален „политички јазик“. Кој да си признаеме е тешко разбирлив за напредни демократии како САД.
За разлика од времето кога Агелер беше во Македонија (2010-2013), денес нашата држава е членка на НАТО, и е поблизу до ЕУ. Сите досегашни американски дипломати отприлика ги давале истите изјави кога ги пакувале куферите за Македонија – владеење на право, зајакнување на демократијата, поддршка на патот кон ЕУ и НАТО, па и борба против корупцијата, но се чини дека пораката на амбасдорката Анџела Агелер носи во себе поголема тежина.
Можеби затоа што корупцијата во македонското општество е константата која ги поврзува сегашниот и минатиот ангажман на американската дипломатка во Македонија. И затоа нејзината изјава собра аплаузи уште пред и да го почне амбасадорскиот мандат во Скопје. Тоа е досега најексплицитната, најдиректната и најотворена изјава во таа насока.
Вашингтон, меѓутоа, треба да биде свесен за високите очекувања што се создадоа во македонската јавност во поглед на тоа прашање. Болното искуство со СЈО во кое САД многу вложија, нека биде поука за сите нас дека во градењето на антикорупциската архитектура треба секој чекор да биде добро испланиран, а кадарот внимателно мониториран. И дека нова грешка може да ја намали довербата во борбата против ова зло на денешницата на кое не се имуни ниту најразвиените земји.
Но, храброста и одважноста тоа да се адресира толку отворено и експлицитно заслужува да ѝ кажеме на новата амбасадорка – Welcome back Ms. Aggeler.
Соња Крамарска
Анџела Агелер борба против корупција САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.