Published: Friday, March 27, 2026 10:46
Фурхан Салиу: Додека ние сме скарани со сите соседи (освен едните кои владеат со оваа држава), регионот затвора тешки прашања и оди напред, а ние немоќно гледаме од прозор.
Само пред 10 години, Албанците од Албанија и Косово доаѓаа на шопинг, концерти и журки во Скопје.
Денес, со автобуси се организираат тури за Приштина и Тирана.
Зар мислите дека им е лесно на Албанците од Косово да креираат нова држава, нација и да мислат за иднината?
Зар ѝ е лесно на Албанија да даде цел остров на Грција и да прима мигранти од Италија?
Но, тие сакаат да изградат држави, а ние сакаме да владееме преку создавање поделби меѓу граѓаните.
Држава која е под постојан страв од нешто – не ѝ се пишува добро.
Извор: Фејсбук



